Rozeta Pavlova

Macedonia
Co-teacher: Teacher

 

Follow me on Twitter: Twitter


School: OOU. ,,Draga Stojanovska" s. Rakotinci - Sopiste 20 students are involved The average age of the students: 9 年

Projects 2022

16 Септември – Ден на Озонската обвивка - Управување со електронски отпад

Оваа 2022 година се одбележува 35-та година од спроведувањето на Монтреалскиот протокол и ООН го одбележуваат Денот на озонот со тема „Монтреалски протокол„35“ со акцент на светската соработка за заштита на животот на Земјата.

Озонската обвивка е се што постои помеѓу нас и штетните УВ зраци. Алармот се вклучи при крајот на 70-те години кога се дојде до откритие дека човештвото создава дупка во овој заштитен штит.

Секој отпад несоодветно третиран ја загадува почвата и причинува испарување на отрови во атмосферата – што севкупно влијае негативно на озонот.

Спроведовме одлични креативно-едукативн работилници со учениците. Учениците проследија краток анимиран филм „Ози озон“ со што се запознаа со значењето на озонската обвивка, потоа проследија едукативно предавање од страна на специјален едукатор, претставник од „Нула отпад“ со што се запознаа со штетното влијание на електронскиот отпад и правилното управување со електронски отпад, селектирање во специјални садови за понатамошно рециклирање. Им беа доделени специјални садови (теглички) за собирање стари батерии, едукативни сликовници и тетратки со стикери со еколошки пораки и содржини. 

Секогаш покажуваме иницијатива за еколошки теми во наставата и посветено работиме на креирање генерации кои ќе се грижат за животната средина.

Загадување и заштита на животната средина

ЗАГАДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Развојот на индустријата, сообраќајот, отпадните материи и друго предизвикуваат да се загадат  природните елементи на животната средина:

•Воздухот

•Водата

•Земјиштето/почвата

•Растителниот и животинскиот свет

Последици од загадувањето на животната средина се:

•На земјиштата на кои се наталожиле отровни материи скоро и да нема  услови за живот.

•Отровите кои човекот ги растура по земјата, навлегуваат во почвата и во водата.

•Водата ја користат сите живи организми. Значи со загадување на водата и почвата, се загадуваат и растенијата и животните  кои ние преку пиење на водата и преку исхраната таквите отрови ги внесуваме во нас.

Мерки за заштита:

Животната средина во која живееме, со животните и растенијата во неа мора да биде заштитена од секакво уништување: која било загуба би била ненадоместлива.

Глобални цели за одржлив развој

“Имаме само една планета. Немаме каде да одиме на друго место. Ако соодветно ги искористиме нашите креативни потенцијали, нема ни потреба да одиме на друго место. Ако добро се грижиме за нашата планета и едни за други, тука ни е сe што ни треба”

Сер Кен Робинсон

Редуцирање, рециклирање и реупотреба на отпадни материјали

Чиста и здрава животна средина е круцијален фактор за квалитетот на живот кој го водиме. Нашите секојдневни навики и начин на живот станаа рефлексија на прекумерно конзумирање на производи и создавање на големи количини на отпад. Несоодветното третирање на отпадот предизвикува големи проблеми со загадувањето кај нас и насекаде низ светот.

Се во природата си има своја функција и различна примена во еден обновлив циклус кој го овозможува постоењето на нашата зелена планета. Природата има лимитиран број на ресурси кои ние прекумерно ги користиме. Преку небрежноста кон околината и отпадот кој го создаваме предизвикуваме негативни ефекти кои ги попречуваат процесите како фотосинтеза, ги загадуваат воздухот, почвата и водите кои се главни извори на живот.

Застрашувачки е фактот што на годишно ниво во просек се фрлаат толкав број на пластични шишиња со кои Земјата би можела да се заобиколи 4 пати. Просечниот човек произведува 1,500 кг. отпад годишно. Кога ќе се земат во предвид бројот на жители во светот тоа претставува огромна бројка која предизвикува големи загадувања на животната средина.

Еден од начините да се намалат и превенираат овие проблеми е рециклирањето – процес на селекција, собирање и преработка на отпадот со цел негова ре-употреба, односно искористување на неговите енергетски и еколошки својства, за креирање на нови еко производи кои можат повторно да се користат во општеството.

Примарната цел на рециклирањето е подобрување на животната средина и создавање на додатни економски и еколошки вредности преку принципот на “циркуларна економија” – каде отпадот претставува ресурс кој се користи повеќекратно (производ – отпад – производ), а не еднонасочно како во минатото. Овој концепт е насочен кон заштеда на веќе лимитираните ресурси на планетата, создавање на обновлива енергија, поздрава и почиста животна средина, нови работни места и технолошки процеси, зголемен профит, односно води кон постигнување на одржлив развој.

Секоја капка живот вреди, затоа ајде и ти штеди!

Не си капка во морето, туку литри во секојдневието! Има многу што можете да направите за да помогнете. Запомнете чистата вода за пиење менува се!

663 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ ЖИВЕАТ БЕЗ ЧИСТА ВОДА.

До 2025 година две третини од човештвото ќе почувствува сериозен недостиг на вода, предупредуваат експертите од Обединетите Нации.

Водата е скапоцена затоа што без неа нема да постои живот. Само помалку од 1% од водата на Земјата е употреблива за пиење. Како што расте бројот на населението во светот, се зголемуваат и потребите од вода за пиење.

Водата е извор на живот и без неа не би можеле да функционираме!

Човекот без вода може да издржи 5 - 7 дена. За споредба, без храна можеме да живееме околу 6 недели.

Иако територијата на планетата Земја е 70% покриена со вода, од таа вода може да се пие само 1%.

Сите животни и растенија се состојат од вода: риби од 75%, медузи од 99%, компирот од 76%, доматот од 90%, крставицата од 95%, телото на штотуку родено бебе од 75%, а 65% вода има во телото на возрасен човек.

Дури 85% од болестите во светот се пренесуваат преку вода.

Доколку сакаме сите да уживаме во нашите скапоцени резерви, мора да бидеме повнимателни како ги користиме.

Што да направиме?

Собери дождовница!

Поправи ги расипаните славини!

Кога ги миете забите исклучете ја водата!

Капете се со пократки туширања, 5 минути туширање = 90 литри

Наполни ја целата перална пред да ја употребиш!

Секоја капка вода живот вреди, па затоа ајде и ти штеди!

 

Study nature, love nature, stay close to nature

Шириме еколошки знаења и го унапредуваме еколошкото образование.

Промовираме принципи за одржлив развој.

Реализираме активности за заштита и унапредување на животната средина.

Промовираме еколошки содржини.

И понатаму посветено работиме на заштита и унапредување на животната средина.


Impressions

Images by Rozeta Pavlova 2022-10-02Pavlova
Images by Rozeta Pavlova 2022-10-30Pavlova
Images by Rozeta Pavlova 2022-10-09Pavlova
Images by Rozeta Pavlova 2022-10-15Pavlova
Images by Rozeta Pavlova 2022-10-17Pavlova
Images by Rozeta Pavlova 2022-10-22Pavlova